Ристо Николов: Ќе ризикуваме се за да дојдеме до победа

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Репрезентација на Белорусија го оствари првиот триумф на Европското првенство во Љубљана, славеше над Финска со 3-2 и со тоа се наметна меѓу конкурентите за пласман во осминафиналето преку групата Ц. Македонскиот состав по денот за одмор, треба да се соочи со Белорусите во четвртиот обид да дојде до прв успех во дебитантскиот настап на континенталните шампионати.

„Не очекува тешка борба. Потешка од натпреварите против Финска и против Турција. Овие три репрезентации се со израмнет квалитет. Ние ќе ризикуваме се за конечно да дојдеме до победа“  вели Ристо Николов кој одигра добра  партија против Русите.

Во нашата конкуренција, денот ќе го отвори дуелот меѓу Русија и Финска. Натпреварот Македонија – Белорусија е во вечерниот термин од 20.30 часот.

 

 

Се вчитува...