Жарко Ристоски и Шоненверд не знаат за пораз во швајцарската прва одбојкарска лига. Клубот чие кормилот го презеде македонскиот стратег ја запиша и третата победа во низа овој пат над Ајнзиделн со 3-2 во сетови (25-18, 24-26, 25-22, 23-25, 18-16).
Избраниците на поранешниот селектор на сениорската репрезентација фуриозно го започнаа натпреварот, добивајќи го првиот сет со седум поени разлика, но противникот успеа да им врати со иста мера во наредниот. По два часа игра резултатот беше 2-2 во сетови и победникот се доби по тај-брејкот. Ајнзиделн имаше неколку меч топки, но потфрли. Клубот на Ристоски го искористи тоа за изедначување, а потоа и пресврт со кој стигна до конечни 3-2.
Со новите бодови Шоненверд и Ристоски се зацврстија на втората позиција на табелата во тамошното првенство. Во наредното коло што ќе се одигра на 5. февруари Ристоски со својот клуб ќе и гостува на Јона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА