Македонската интернационалка Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва и по пет одиграни натпревари во Суперлигата на Русија не знаат за пораз. Овој пат на домашен терен славеа над Краснодар со 36-23.
Македонката имаше солиден натпревар на кој постигна три гола од пет обиди за 30. минути поминати на паркетот.
Огромна е веројатноста дека ЦСКА Москва ќе ја продолжи доминацијата и по следното коло со оглед на тоа што се среќава со „фенерџијата“ Адјиф кој не знае за победа. А, по овој дуел следува и најважниот натпревар во досегашниот дел од сезоната против второпласираниот Ростов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА