Ристовска е број 1 во ЛШ – гол во стилот на Уве Генсхајмер (видео)

Сара Ристовска го постигна најубавиот гол во второто коло од главната фаза од Лигата на шампионите, откако најдобрата македонска ракометарка ја надмудри голманката на ЧСМ Букурешт. Ристовска постигна само еден гол при поразот на Крим во Романија, но тоа го стори во манир на голем стрелец, како што вообичаено во машкиот ракомет контранападите ги реализира неповторливиот Уве Генсхајмер.

Најубавите пет гола во второто коло од ЛШ, на чело со ремек-делот на Сара Ристовска, можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК .

Се вчитува...