Ристовска и ЦСКА Москва го освоија рускиот куп

Македонската ракометна репрезентативка, Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва стигнаа до титулата во националниот куп на Русија. Тие во финалето славеа над големиот ривал Ростов Дон по тешка борба со 22-25.

Првото полувреме се играше во егал сите триесет минути, па затоа и на полувреме се замина со реален резултат (12-12). Вториот дел Ристовска и соиграчките го отворија подобро. Цело време ја имаа предноста, а во последните десет минути успеаја за првпат да се одлепат на три позитива (19-22) која беше клучна за на крајот да стигнат и до конечен триумф од 22-25.

Сара Ристовска натпреварот го заврши со два гола. За ЦСКА Москва ова е прва титула во ова натпреварување.

Се вчитува...