Нашата Сара Ристовска и ЦСКА Москва загубија на гостувањето кај ЧСМ Букурешт со 32-27 во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Русинките на крајот можат да бидат и задоволни од конечниот резултат бидејќи на полувреме имаа негатива од осум гола 20-12.
Во вториот дел особено во последните десет минути успеаја да се консолидираат и на крајот да стигнат до прифатливи минус пет (32-27). Сара Ристовска беше една од најдобрите ракометарки на рускиот тим завршувајќи го мечот со пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА