Македонската ракометарка Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва веќе и го обезбедија финалето во рускиот шампионат, откако денеска славеа на гостувањето кај Ѕвезда Звенигород со 20-37 во првиот полуфинален меч.
Тие уште на првиот меч ги разрешија сите дилеми околу победникот во двомечот и во реваншот во главниот град на Русија ќе имаат само тренинг натпревар пред финалниот двомеч кој најверојатно ќе биде против најголемиот ривал Ростов Дон.
Македонската интернационалка натпреварот го заврши со два постигнати гола од исто толку упатени удари кон голот на противникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА