Ристовски 100-ти пат во дресот на Динамо

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, денеска по 100-ти пат ќе го облече дресот на Динамо Загреб на официјалните натпревари. Десниот бек во Загреб пристигна во 2021 година, и брзо избори место во стартниот состав на „модрите“.

Се менуваа и тренери, но Ристовски остануваше прв избор, и сега тој е еден од најважните играчи на Динамо. Секогаш подготвен да го остави срцето на теренот, лидер по заминувањето на Аријан Адеми.

Ристовски во Динамо стигна од Спортинг, а има големо искуство во Хрватска, со оглед дека играше за Ријека, и беше дел од славната шампионска генерација во 2017 година.

„Ристовски беше платен само 1 милион евра, а веќе на Динамо повеќекратно му се исплати. Ги врати вложените пари, и на сите ја докажа верноста кон „модрите“. И денеска е омилен меѓу навивачите“, пишува 24САТА за македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...