Ристевски: Ако сакаме да напредуваме, мораме да победуваме ривали со брз ракомет

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Самоил Ристевски е еден од играчите за иднината на македонската репрезентација, младиот битолчанец против Данска дебитираше на големите натпреварувања, а се очекува да се најде во тимот и за денешниот дуел со Португалија.

Според Ристовски, Македонија треба да најде одговор за португалската игра и да покаже дека може да се надигрува и да победува ривали од самиот врв, кои негуваат модерен стил на игра.

„Португалија е послаб противник, но негува ист стил како и Данска, брз ракомет. Ние се подготвувавме најдобро што можеме, ќе сториме се за добар резултат. Ако сакаме да бидеме репрезентација од Топ 8 во Европа мораме да го унапредиме нашиот ракомет, да победуваме селекции во овој нов стил, тоа е брз ракомет“, изјави Ристевски во пресрет на денешниот дуел.

Се вчитува...