Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Ристовски одигра нов одличен натпревар за хрватскиот шампион Динамо Загреб во победата на домашен терен над Славен Белупот од 4-0.
Капитенот на Македонија, беше асистент на првиот гол за својот тим кој го постигна Дрмиќ во 27. минута. Преостанатите три гола за клубот од „Максимир“ беа дело на Шпикиќ, Иванушец и Шутало.
Ристовски беше заменет во 81. минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА