Динамо Загреб триумфираше на домашен терен против Шибеник со 3-0 во натпревар од 26. коло во Првата фудбалска лига на Хрватска. Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски беше асистент на вториот погодоко на домаќините откако одлично во шеснаесетникот го пронајде Бруно Петковиќ кој рутински реализираше во 59. минута.
Претходно, Боцкај во 16. минута донесе водство од 1-0 за „модрит“, додека конечните 3-0 ги постави младиот Батурина во 76. минута.
Аријан Адеми го пропушти овој натпревар поради повреда, но информациите кои доаѓаат од Загреб се позитивни и тој ќе биде подготвен за бараж натпреварот против Италија кој го игра Македонија на 24. март на гостински терен во Палермо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

