Ристовски асистираше во драматичниот триумф од 3-4 на Спортинг… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски имаше повеќе од активна улога во значајната победа од 3-4 на Спортинг Лисабон на гостувањето против Белененсес во 30. коло од Првата лига на Португалија.

Ристовски, кој го одигра целиот натпревар за гостите, асистираше со убаво нафрлување од десната страна на погодокот на Акуња во 41. минута за во тие моменти водство од 1-3 на Спортинг Лисабон…

Спортинг освои значајни три бода за продолжување на трката за титулата со Порто и со Бенфика.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...