ЕКИПА во Љубљана,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше (1-1) против Словенија во Љубљана и остана непоразена по две кокла во новиот квалификациски циклус за ЕВРО 2020. Бодот против Словенците е апсолутно заслужен, а репрезентативците и селекторот сметаат дека можеа да ги освојат и трите, со оглед дека покажаа квалитетна игра.
Стефан Ристовски смета дека Македонија има позитивен старт на новиот циклус.
„Подобро е чекор по чекор, да одиме напред и да освојуваме заслужено бодови, отколку како во минатото, да летнеме во облаци и потоа да паднеме силно на земја. Знаевме дека ќе биде тешко против Словенија, но одигравме квалитетно, одговоривме на предизвикот и имавме шанси и за триумф. Во секој случај ова е позитивен старт на квалификацискиот циклус и сите се надеваме дека на следните два меча на домашен терен ќе играме пред полни трибини на нашиот стадион“, изјави Стефан Ристовски.
Македонија по две кола има четири бода, но и послаба гол – разлика од Израел, додека на првата позиција во групата со максимални шест бода се наоѓа селекцијата на Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА