Ристовски: Динамо има многу легенди, но еден е Аријан Адеми

Аријан Адеми по 13 години поминати на „Максимир“ замина од најтрофејниот хрватски фудбалски тим како најтрофеен играч во неговата историја. Македонскиот репрезентативец со „модрите“ освои 11 шампионски титули, шест титули во Купот и три трофеи во Суперкупот на Хрватска.

Навивачите и соиграчите емотивно го испратија во неговата следна дестинација – кинескиот Пекин Гуан, а во суперлатив за соиграчот од репрезентацијата говореше и Стефан Ристовски.

„Многу легенди поминаа нив клубот, но само еден е Адеми, вистински икона на плавиот клуб. Кога тебе ти беше најтешко, клубот беше со тебе, а кога на клубот му беше најтешко ти остана со нив. Ти посакувам многу среќа во Кина брате мој“, изјави Ристовски.

Се вчитува...