Ристовски: Добив навреди од навивачите на Ријека, но мојата љубов кон тој тим никогаш нема да згасне

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски премина во редовите на Динамо Загреб во последниот преоден рок, каде дојде од португалскиот Спортинг Лисабон во кој не запиша настап во есенскиот дел од сезоната. Ристовски кој во минатото играше за Ријека вели дека добил неколку закани од навивачите на овој тим по неговиот потпис со Динамо, но дека и покрај се тој секогаш ќе го сака клубот во кој порано настапуваше.

„Добив неколку навреди, но никогаш нема да кажам лошо за Ријека.Непримерно беше тоа што добивав закани, но јас каде и да играм живеам за тој клуб. Таков ми е карактерот. Секогаш живеам за клубот во кој играм. Во Ријека секогаш имав убави моменти, ги ценам луѓето и ги сакам. Нека луѓето го сфатат како сакаат, но тој  Тој период веројатно е најубавиот во мојата кариера“, изјави Ристовски.

Се вчитува...