Ристовски добива соиграч од Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Лусијано Вието, до крајот на оваа сезона ќе му биде соиграч на Стефан Ристовски во редовите на Спортинг Лисабон. Португалските медиуми откриваат дека тој во наредните шест месеци ќе биде позајмен во тимот на Спортинг, а клубот ќе има и можност комплетно да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната за сума од 10 милиони евра.

Аргентинскиот интернационалец дојде во Атлетико Мадрид од Вилјареал за 20 милиони евра. Сепак, не успеа да се наметне во Атлетико Мадрид, па тренерот Диего Симеоне реши да го даде на позајмица во Спортинг Лисабон.

 

Се вчитува...