Ристовски емотивно по новата шампионска круна со Динамо: „Ова е мој најсладок трофеј“ (ВИДЕО)

Динамо Загреб ја одбрани шампионската титула во Хрватска среде „Пољуд“ откако ремизираше без голови во вчерашниот натпревар со Хајдук во Сплит. Тој бод значеше нова титула за „модрите“.

Динамо дојде до шестиот трофеј во низа во домашното првенство, сето тоа за радост и на капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, кој не ги криеше емоциите по новиот трофеј со тимот од Загреб.
„Навистина сум возбуден, зад нас е многу тешка сезона. Горд сум на овој тим. Имавме доста проблеми, си замина нашиот Адеми и ова е можеби најсладок трофеј во мојата кариерата. Во еден момент бевме и малку преплашени. Си замина капитенот Аки, се повредија неколку играчи, а во Динамо ништо не се простува, се важат само победите. Сепак, ние сме момци кои имаме машкост баш тогаш кога најмногу е потребна. На крајот, се виде кој е најдобар. Тоа сме ние, Динамо Загреб. Навивачите беа наш 12-ти играч, беа тука кога беше најтешко, се надевам дека оваа хемија меѓу нас ќе потрае уште долго“ – изјави Ристовски по вчерашниот дуел со Хајдук и освоената шампионска круна.

Се вчитува...