Динамо Загреб рутински славеше со 3-0 на мечот со Шибеник во натпревар во кој „модрите“ не беа брилијантни во играта, но максимално ги користеа создадените шанси и заслужено стигнаа до трите бода.
Вниманието на хрватската јавност го привлече одлуката на Канаваро во второто полувреме да го повлече од игра македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, кој видно разочаран го напушташе теренот.
„Не е точно дека ме одмина, тој ми подаде рака и се поздрави, ако не го стореше тоа ќе го убиев, ха-ха…. Ристовски е голем професионалец, се е во ред меѓу нас двајца. Лично, сакам кога играчите се чувствуваат така при напуштање на теренот. Сепак, тој скрши шише што ќе мора да го плати“, изјави Фабио Канаваро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА