Ристовски го спомна Тито и го критикуваше првенството во БиХ, па сега доби казна

Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски пред четири месеци предизвика лавина на реакции во фудбалска Босна и Херцеговина откако ги критикуваше судиите по натпреварот на Сараево и Борац Бања Лука во кој неговиот тим претрпе пораз од 5-1.

Ристовски на социјалните мрежи напиша: „Дојбредојдовте во аматерската Премиерлига. Да живее Тито“ по крајот на средбата, а критиките продолжија и во месец ноември кога при гостување на спортски подкаст, говорејќи за судењето кое се разликува на домашните и гостинските натпревари.

За овие коментари сега доби казна од страна на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина од 1500 конвертабилни марки, односно 750 евра за како што се наведува „неосновани и несоодветни изјави“, казна која мора да ја плати во следните 15 денови.

Се вчитува...