Поранешните македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми во Динамо Загреб во продолжението од сезоната ќе бидат предводени од Ненад Бјелица кој воедно се враќа во клубот каде бележеше фантастични резултати и го наметна загрепскиот клуб како одлично освежување на европската мапа.
Блејица беше без ангажман од месец мај кога му беше врачен отказ во Унион Берлин, но беше под договор со германскиот клуб се до вчера со цел на Германците да не му исплаќаат обесштетување.
За 53-годишниот стартег тоа ќе биде втор ангажман на клупата на Динамо Загреб по оној од 2018 до 2020 година, период во кој освои две шампионски титули во хрватското првенство, и по еден Куп и Суперкуп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА