Ристовски и Адеми добиваат врвен голгетер во Динамо

Македонските интернационалци во Динамо Загреб, Стефан Ристовски и Аријан Адеми наскоро би можеле да добијат големо засилување за нападот во името на Себастијан Халер.

Напаѓачот од Брегот на слоновата коска е желба на клубот од главниот град на Хрватска кој се мачи во сезоната, поготово на напаѓачката позиција каде недостасува Бруно Петковиќ поради повреда, а Сандро Куленовиќ по одличниот старт на сезоната забележа голем пад во формата.

Халер со себе носи големо искуство настапувајќи за Борусија Дортмунд, Ајнтрахт Фракфурт, Вест Хем Јунајтед, Ајакс…, но и самиот бележи пад во формата по дијагностицираниот рак со кој се избори пред две години.

Тој во моментот е на позајмица во Леганас, но на 15 одиграни натпревари не настапува константно и се уште го чека првиот гол.

Се вчитува...