Во „куќата на фудбалот“ во Нион денеска беше одржана ждерпката за плеј-оф фазата во квалификациите од Лигата на шампионите.
Дел од нокаут фазата ќе бидат и македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми кои со Динамо Загреб се директно пласирани во следната фаза, а таму за противник ќе го имаат подобриот од пресметката помеѓу Карабах и Лудогорец.
Претставникот на нашиот северен сосед, Црвена Звезда пак силите ќе си ги одмери со Јагјелонија или Бодо/Глимт.
Сите плеј-оф парови:
Јанг Бојс – Галатасарај
Динамо Загреб – Карабах/Лудогорец
Мидтјиланд/Ференцварош – Слован Братислава/АПОЕЛ
Јагјелонија/Бодо/Глимт – Црвена Звезда
Малмо/ПАОК – Спарта Прага/ФЦСБ
Лил/Фенербахче – Славија Прага/Унион Сен Жилоа
Динамо Киев/Ренџерс – Салцбург/Твенте
Бараж натпреварите се играат на 20. и 21. односно 27. и 28. август, а извлекувањето за групната фаза ќе се одржи во Монако на 29. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА