И покрај тоа што беше во исклучително деликатна ситуација со бројни интерни проблеми во клубот, Хајдук успеа да го добие големото хрватско дерби и тоа со триумф среде „Максимир“ во Загреб победувајќи го Динамо Загреб со 0-1 во 6. коло од хрватскиот шампионат.
„Модрите“ имаа некои шанси во текот на првото полувреме, но во бледо издание не можеа да одговорат соодветно со погодок, па Хајдук до триумфот дојде со прекрасниот гол на Марко Ливаја во 70. минута од средбата која се играше со неверојатни 17 минути судиско продолжение!
Џенаро Гатузо, на тој начин, го надмудри Јакировиќ, па сега Хајдук ја презеде водечката позиција на табелата во хрватската Суперлига.
Македонските фудбалери Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа стартери за Динамо. Ристовски беше заменет во судиското продолжение кај домашните, а Адеми настапи до 59. минута кога беше заменет со Рог. Повради повреда, поради која не настапи и за македонската репрезентација, кај Хајдук го немаше Александар Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА