Актуелниот хрватски првак Динамо Загреб, ги почна подготовките за вториот дел од сезоната, низ кој „модрите“ ќе се обидат да дојдат до одбрана на шампионската титула. Во моментов Хајдук има предност на табелата.
За таа цел, Динамо ќе се засилува во овој преоден рок. Според информациите од Италија, играчот на Фиорентина Јосип Брекало, брзо би можел да се биде дел од тимот од Загреб.
„Брекало сака да дојде и ние го сакаме. Проблемот е што во Фиорентина се повреди главниот крилен играч, вториот е на Африканскиот куп на Нации, и моментално Брекало им е потребен. Но, добро е што овој тим бара нови играчи, па јас се надевам и посакувам да донесат некого, па ние да можеме Брекало“, изјави тренерот на „модрите“ Сергеј Јакировиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА