Стефан Ристовски и Динамо Загреб доживеаја и трет пораз во четвртото коло од Групата Ц во Конференциската лига на УЕФА. Овој пат на гостувањето од Викторија Плзен со 1-0, со што веќе сериозно се под знак прашалник околу можноста за продолжување во следната фаза од третото по квалитет европско клупско натпреварување.
Динамо Загреб овој пат загуби со 1-0 на гостувањето против Викторија Плзен. Чесите сосема заслужено дојдоа до триумфот благодарение на голот на Хори од пенал во 35. минута.
Ристовски го одигра целиот натпревар во одбраната на „модрите“ и беше вклучен во ситуацијата во 94. минута која остана под знак прашалник кога Динамо постигна гол за израмнување преку Куленовиќ а на нафрлање на Стефан Ристовски, но беше поништен од ВАР откако беше утврдено дека македонскиот фудбалер е во офсајд позиција.
Сега хрватскиот шампион е последен на табелата со три бода, еден помалку од косовски Балкани и од Астана кои денеска ремизираа без голови.
Во Групата Г, пак, Бојан Миовски ги одигра последните 15 минути за шкотски Абердин на гостувањето против ПАОК во Солун кое заврши без победник, 2-2.
Абердин поведе во раната фаза од натпреварот со голот на Дјук, но Грците со пресврт дојдоа до 2-1, за да сепак МекГрат во 70.минута донесе 2-2 за Шкотите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

