Екипата на Сараево остана без тренер, откако Зоран Зекиќ поднесе оставка по шокантното реми од 4-4 со Радник (водеа 3-0), а претходно испадна и од Лигата на Конференции од Универзитатеа Крајова. Така двајцата макеоднски интернационалци Стефан Ристовски и Агон Елези, кои беа стрелци во мечот од првото коло, сега ќе добијат нов предводник.
Веднаш после натпреварот, спортскиот директор на клубот Крсте Велкоски рече дека тренерот има доверба, сепак, тој се одлучи да поднесе неотповиклива оставка.
„Дадов неотповиклива оставка, и повеќе не сакам да коментирам“, изјави Зекиќ.
Во следното коло Сараево игра кај Слога Добој, а Велкоски ќе мора итно да реагира и да пронајде нов предводник на тимот, кој оваа сезона има амбиции да се врати на шампионските патеки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

