Стефан Ристовски и Агон Елези, со победа од 2-1 над Универзитатеа Крајова на домашен терен во првиот меч од второто квалификациско коло од Конференциската лига дебитираа за Сараево.
Ристовски како стартер одигра 70 минути, додека Елези во игра влезе од клупата, добивајќи ги последните половина час од овој натпревар. Тимот од БиХ постигна по еден гол во двете полувремиња, додека гостите стрелаа во вториот дел.
Прв официјален меч по враќањето во поранешниот тим Лугано одигра Езгијан Алиоски, кој, сепак, не можеше да се пофали со успешно „деби“. Неговиот состав ремизира во првиот меч од втората рунда во Лига Европа против Клуж (0-0). Македонскиот фудбалер ги одигра сите 90 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

