Сараево на крилјата на македонските интернационалци Стефан Ристовски и Агон Елези, го победија тимот на Посушје во првенството на БиХ.
Ристовски и Елези беа стрелци по еден гол во првиот дел, за предност на домашниот тим од 2-0.
Во второто полувреме Сараево стигна и до трет гол, за убедлив триумф на крајот од 3-0. За Елези ова беше петти гол во сезоната, додека Ристовски го постигна вториот погодок за Сараево во домашниот шампионат во тековниот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

