Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски после првиот тренинг се соочи со непланирани проблеми поради повреди на двајца фудбалери. И двајцата од офанзивата која ќе биде ослабена за мартовските два натпревари на стартот од квалификациите за СП 2026.
Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да бидат во составот на македонската репрезентација за претстојните натпревари против Лихтенштајн (22 март во Вадуц) и против Велс (25 март во Скопје).
Како замена, селекторот дополнително го повика Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт.
Настапот на Стефан Ашковски останува неизвесен поради повреда на зглобот, а неговата состојба ќе биде дополнително проценета од медицинскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА