Старо-новите имиња во Вардар, Борко Ристовски и Марко Мишевски го одржаа првиот тренинг со европскиот ракометен првак. Ова се двете засилувања кои треба да бидат од помош во продолжението на сезонава во која месецов треба да бидат одиграни четвртфиналните средби во СЕХА лигата против Нексе, потоа и осминафиналните дуели против Пик Сегед во Лигата на шампионите, а во продолжение и делот од сезоната во домашниот шампионат. Двајцата потпишаа договори за до крајот од оваа сезона.
„Ме бараа неколку клубови, меѓу нив и Рајн-Некар Левен, но го избрав Вардар бидејќи сакам да сум овде, да помогнам овој тим да постои. Не дојдов поради пари, туку за да помогнам најмалку до крајот на сезонава“ – изјави денеска Борко Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА