Никола Митревски (Порто) и Борко Ристовски (Вардар) уште еднаш ја покажаа својата класа, нашите македонски голмани запишаа извонредни изданија оваа недела во третото коло во ракометната Лига на шампионите, па со врвните одбрани се најдоа на првото односно второто место во „топ пет“ одбрани во оваа рунда во елитното натпреварување.
Митревски завери 16 одбрани на гостувањето на Порто кај Динамо Букурешт, а една од интервенциите е избрана за одбрана на колото во ЛШ.
Ристовски, исто така беше одличен на голот на Вардар во големата победа на „црвено-црните“ против европскиот вицепрвак Алборг, собирајќи 16 интервенции, а двојната одбрана по еден седмерец во воведните минути од вториот дел му го донесе второто место во „топ пет“.
Видеото можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА