Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски застана во одбрана на својот репрезентативен колега и соиграч од Динамо Загреб, Аријан Адеми кој е на напад на хрватските медиуми последниве денови поради наводно неговата желба за заминување од хрватскиот шампион.
Ристовски во интервју за хрватските медиуми вели дека целиот скандал е изваден од контектс, а дека тоа Адеми не го заслужува.
„Работите кои излегоа од соблекувалната се наши приватни работи, ама се е извадено од контекст, зашто никој не знае каква атмосфера владеше во соблекувалната. Да, Адеми ко кажа тоа: ‘немам ништо да кажам’, ама сето тоа е злобно извадено од контекст. Зашто на состанокот беше супер атмосферата, беше баш добра зафрканција. И после тоа тренерот Чачиќ ме праша: ‘Риле, дали имаш нешто да кажеш и да додадеш?’. Јас само реков дека немам, а и навистина немав што дополнително да кажам. И после тоа тренерот рече: ‘Дај капитене, кажи ти нешто’? А, Аки е мој брат и само се насмеа и рече: ‘Па, немам ништо шефе, одиме…’. А таа зезанција после во медиумите излезе дека нешто пукнало во соблекувалната. Зашто тренерот секојпат нe прашува дали има некој нешто да каже, дали има прашања и слично. А, воглавно ги нема и тоа е нормално. Адеми е мој брат, не ми е само колега. И ќе ми биде жал да си оди, но повеќе ми е жал што се најде во овие медиумски приказни и Аки не заслужува таков однос. Тој е легенда на клубот, со нас е 24 часа дневно. Сѐ ова што го доживува деновиве низ медиумите се неправедни кон него. Тој ќе остане лидер на соблекувалната“, изјави Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

