Португалскиот Спортинг Лисабон нема да смета на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски за утрешната пресметка со романската Стеауа од последната рунда квалификациите за пласман во групите од Лигата на шампионите.
Ристовски ќе почека на дебито за Спортинг затоа што Жорге Жезус се одлучи да не биде дел од 18 фудбалери на кои ќе смета за пресметката од квалификациите за Лигата на шампионите. Според најновата објава од УЕФА, Ристовски има право за настап во плеј-оф рундата за Спортинг, и покрај претходните настапи во квалификациите за ЛШ во дресот на хрватскиот шампион Ријека.
Како што е познато, Ријека претходно се бореше Стефан Ристовски да остане во клубот барем за двомечот од плеј-оф квалификациската рунда за ЛШ против Олимпијакос, но Спортинг Лисабон не се согласуваше со тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА