Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски потпиша договор со португалскиот Спортинг Лисабон, напуштајќи го хрватскиот првак Ријека, со кој имаше прекрасни моменти минатата сезона. Тој се збогува од клубот и од фановите, истакнувајќи дека каде и да оди, секогаш ќе биде „ријечанин“.
„Не можам да ги најдам правите зборови. Едноставно се надевам дека нема никого да разочарам со моето заминување. Се надевам дека луѓето разбираат дека ова е добро пред се за мене, но и за клубот. А јас ќе останам засекогаш „ријечанин“. Каде и да бидам, секогаш ќе го бранам овој град и овој клуб. Сите знаат колку ја засакав Ријека. Минаа две незаборавни години, дојдовме до првата шампионска титула, во што никој не веруваше. Тоа беа преубави и незаборавни моменти во мојот живот. Запознав вистински пријатели, убав град и верни навивачи. Ријека засекогаш ќе остане во моето срце, горд сум и благодарен за се. Сакам да се забодарам за сите во клубот, од тренерот, стручниот штаб, соиграчите, претседателот…Сите луѓе кои секојдневно работат за Ријека да напредува. Ви посакувам многу среќа во оваа сезона и се надевам дека ќе се сретнеме во Лигата на шампионите. Форза Фиуме, ваш Риле“, напиша Стефан Ристовски во своето обраќање до фановите на Ријека.
Стефан Ристовски е вториот Македонец во Спортинг Лисабон. Во младинските категории на клубот настапува и големиот талент Димитар Митровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА