Ристовски: Класичен македонски менталитет…

Стефан Ристовски, капитенот на македонскиот национален тим го коментираше натпреварот против Украина и поразот од 2-3.

Тој видно лут, кажа дека поразот е класичен македонски менталитет, и класичен меч со сосема различни две полувремиња.

„Многу јасна слика. Одигравме добро прво полувреме, и класичен македонски менталитет во вториот дел и останува да работиме во тој сегмент, и мислам дека ако сакаме да направиме нешто, не е само дисциплината, туку тактичката дисицплина. Не е фудбалот ако примиш гол за 2-1 дека си го загубил мечот. Тоа го повторуваме многу пати. Имавме класична слика на различни две полувремиња. Им честитам на Украинците“, вели Ристовски, и надополнува:

„Удар е ова, тоа е нормално, кога имаш предност од 2-0 и да загубиш ваков натпревар. Тажни сме и тоа се гледа по цела соблекувална. На крајот на краиштата, кај цела соблекувална желбата беше голема, и кога ќе се загуби веројатно ќе извлечеме поуки од овие мечеви. Одиме да се натпреваруваме со Англија, така што доволно сме искусни, знаеме ваков ритам што носи. За некој овој меч е прв после 3-4 месеци. Но, ајде, да не бараме алиби, не сум таква личност“, рече Ристовски.

Се вчитува...