Ристовски: Македонија не доби ништо позитивно од ЕП

Поранешниот голман, а сега директор на РК Вардар, Борко Ристовски во гостување на Македонската радио телевизија говореше за настапот на Македонија на Европското првенство во Германија.

Тој вели дека освен таа победа над Швајцарија, Македонија на овој шампионат не добила ништо.

„Зависи од кој аспект гледате така ќе се оцени настапот. Ако стигнавме таму и успеавме да добиеме еден натпревар тогаш е добро, но ако гледате од страната на тоа што доби Македонија и ракометот тогаш е лош настап. Освен победата против Швајцарија, апсолутно ништо позитивно не доби Македонија од ЕП. Ги добивме Митев и Лазаревски и тоа е се што доби Македонија. Се друго беше „нула““, изјави Ристовски. 

Се вчитува...