Ристовски: Минав тешки, турбулентни, месеци…, сега конечно ќе мислам само на фудбалот

Во своето прво обраќање по потписот со Динамо Загреб, македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски вели дека минал тежок период во Спортинг Лисабон последните месеци кој сака да го заборави и сега максимално да се фокусира на фудбалот.

„Сакам да се заблагодарам на раководството и стручниот штаб на Динамо Загреб кои преку овој трансфер ми овозможуваат повторно да мислам на фудбалот. Изминативе неколку месеци беа турбулентни за мене, не можев да мислам на фудбалот и само посакувам сето тоа да е зад мене. Среќен сум што ќе бидам дел од семејството Динамо“ – истакна Ристовски.

А, нема да има многу непознаници за Ристовски во Динамо ако се знае дека тука е репрезентативниот соиграч Адеми, како и поранешни соиграчи од Ријека.

„Да, знам дека доаѓам во позитивна средина со многу познати лица и може да кажам дека едвај чекам да ги запознаат и сите останати соиграчи“ – вели Ристовски, кој се осврнува и на македонската репрезентација и обезбедниот пласман на Европско првенство.

Се вчитува...