Ристовски: Многу бевме нервозни, но најважно е на крајот што победивме

Македонскиот ракометен шампион Вардар во трилер натпревар стигна до голема победа над ППД Загреб од 20-19 во 12. коло од групата А во Лигата на шампионите.

Голманот на „црвено-црните“ Борко Ристовски по натпреварот изјави дека иако не одиграле доста лошо стигнале до победа, а тоа значи дека има уште многу простор за напредок.

„Не беше квалитетен натпревар, но беше многу неизвесен. Донесе многу борбеност и пожртвуваност и борба за дресот за кој настапуваме. Ако гледаме реално бодот беше најреален, но во спортот не победува секогаш подобриот. Бевме подготвени за овој меч, но како што кажа и тренерот цела екипа беше многу нервозна. Не се испочитуваа некои работи кои се договоривме пред мечот, но сепак на крајот победивме. Важно е и кога играте лошо да победувате, бидејќи тоа значи дека има уште многу напредок. Наше е да се посветиме на самите себе и да работиме уште повеќе во понатамошниот дел од сезоната“, изјави Ристовски. 

Се вчитува...