Стефан Ристовски имаше дерби за заборав откако македонскиот интернационалец почна со асистенција при водечкиот гол, но во второто полувреме се претвори во трагичар откако доби црвен картон по што Хајдук успеа да стигне до израмнување на „Максимир“.
Негативата во однос на водечките остана „минус седум“ во однос првопласираната Ријека, но Ристовски со порака до навивачите испрати ветување дека Динамо нема да се предаде во борбата за титулата.
„Сакам да се извинам на соиграчите и на навивачите затоа што заработив исклучување на така важен меч. Секогаш давам се од себе и секој дуел доаѓа од желба да помогнам на екипата. За жал денес тоа резултираше со исклучување со што ја отежнав задачата на моите соиграчи. Можам само да се извинам и да ветам дека нема да се предадеме. Се додека постои и најмала шанса за одбрана на титулата, нема да се предадеме“, напиша Ристовски на својот инстаграм профил..
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА