Голманот Борко Ристовски беше херој на полуфиналната пресметка со Загреб, но искусниот чувар на мрежата и неговите соиграчи не можеа да го повторат успехот и на денешниот финален меч против Веспрем. Унгарците демонстрираа тотална надмоќ во однос на „црвено-црните“, но Ристовски очекува формата на „вардарци“ да се движи во нагорна линија во периодот што следи.
„Да не заборавиме, ова е сосема нов тим на Вардар, а наша цел пред доаѓањето во Задар беше да влеземе во финалето. Успеавме во тоа, но денеска се виде дека Веспрем моментно е многу поквалитетен тим од нас. Ни останува да работиме и да се подготвиме за она што не очекува, групата од Лигата на Шампионите, кога пред нас ќе бидат нови големи предизвици. Мораме да ја кренеме нашата форма и да бидеме најдобри кога тоа ќе биде најважно“, истакна Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА