Ристовски: Нема да го потцениме Лихтенштајн

Стадионот „Младост“ во Струмица утревечер (20.45 часот) ќе биде мегдан на последниот квалификациски натпревар на македонската фудбалска репрезентација во циклусот за мундијалот во Русија. На гости доаѓа аутсдајдерот Лихтенштајн, а најдобрите македонски фудбалери сакаат триумф за крај на овие квалификации. По ремито со Италија (1-1) во Торино, Стефан Ристовски вели дека нема да го потценат составот на Лихтенштајн.

„Останува да го одиграме уште овој натпревар против Лихтенштајн и да го завршиме циклусот за СП 2018. Го пречекуваме Лихтенштајн и сигурно дека сакаме триумф за крај. Секако нема да го потцениме противникот, сите играат накдобро што знаат за својата држава, но ние сме подготвени да одговориме и на оваа задача и да стигнеме до победа. Пред се, сакаме да ја убедиме јавноста дека оваа генерација има светла иднина“, изјави Стефан Ристовски.

Се вчитува...