Стефан Ристовски се раздели летово со Динамо Загреб откако хрватскиот вицепрвак објави дека нема да го продолжи договорот на македонскиот интернационалец.
Десниот бек имаше крајно промениливи игри во текот на сезоната, па во период кога новиот претседател Звонимир Бобан прави сериозен ремонт во играчкиот кадар Ристовски е меѓу оние кои не добија продолжување на соработката.
„Во Динамо се случува смена на генерации, доаѓаат нови играчи, тренер… Ќе биде интересно. Динамо ми е најмил клуб во кариерата, без сомнеж. Петте најдобри години од кариерата ги минав на „Максимир“, моето семејство уживаше во Загреб. Динамо е голем клуб, тука бев еден од капитените и емоциите секогаш ќе бидат силни.
На почетокот на годината се враќавме од патување и Велимир Зајец на аеродромот ми кажа да не се грижам, ќе потпишеме договор. Мислев дека тоа е готова работа, ама како секогаш ако нема ништо на хартија не е сигурно. Работите во клубот почнаа да се менуваат, а јас на новите директори им кажав дека и да не одлучат да продолжиме, сакам пријателска разделба. Потоа требаше да имам средба со Звонимир Бобан, но заминав за Македонија“, изјави Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

