Шкендија продолжува активно да работи на формирање на квалитетна екипа за наредната сезона, во која тетовци се надеваат дека ќе успеат да се вратат на тронот на мак-фудбалот.
Откако за нов тренер беше именуван Ардијан Нухиу, а денеска беше комплетиран и трансферот на Мевљан Адили, тетовци успешно ги финишираа преговорите за уште еден нов фудбалер. Станува збор за Марјан Ристовски, кој имаше зад себе добра сезона во дресот на Силекс, како препорака за трансфер во таборот на тетовци, кој би требало и официјално да биде потврден во наредни 48 часа.
Ристовски настапува на позицијата лев крилен напаѓач и би требало да биде значаен адут на тренерот Нухиу во новата натпреварувачка сезона. Овој фудбалер претходно има настапувано и за Кожуф, Тиквеш, Борец Велес и за Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА