Стефан Ристовски доби шанса во стартниот тим на Спортинг на гостувањето против Барселона, Македонецот одигра квалитетно во првите 45 минути, но сепак беше повлечен од игра на паузата меѓу двете полувремиња.
Причина за ваквиот развој на настаните е желбата на тренерот Жесус тимот да тргне во тотална офанзива, во ситуација кога нема што да загуби, а мора да брка победа на „Камп ноу“. Токму поради тоа на местото на Ристовски во игра влезе крилниот офанзивец Желсон Мартинс, но коцкањето на Жесус не се исплатеше, па Спортинг во раната фаза од второто полувреме прими гол, со што стана јасно дека наместо со пласман во осминафиналето од ЛШ, португалскиот тим ќе мора да се задоволи со место во нокаут фазата од Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА