Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски остана само на клупата за резервни фудбалери во последното коло од шампионатот на Португалија во кое неговиот Спортинг загуби со 2-1 на гостувањето против Маритимо, со што не успеа да се избори за место во Лигата на шампионите следната сезона.
Спортинг на крајот заврши на 3. место во најсилната лига на Португалија и поради тоа што Бенфика славеше со 1-0 против Мореиренсе, доволно за да ја запоседне втората позиција која води во ЛШ. Па, Спортинг следната сезона на европската сцена ќе игра во Лигата на Европа.
Нов шампион на Португалија е екипата на Порто со 88 бода на врвот од табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

