ЕКИПА во Манчестер,
Владимир Булатовиќ
Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски на прес-конференција во Манчестер пред утрешниот квалификациски натпревар со Англија, вели дека нема потребна од некоја посебна мотивација за дуел со една од најдобрите светски селекции.
Ристовски нагласува дека секој од репрезентативци со нетрпение очекува ваков дуел на врвно ниво кое е вистонско доживување за секој поединец.
„Навистина е доживување за секој од нас да се игра под едни вакви услови на еден ваков стадион на врвно ниво. И не треба да има некоја посебна мотивација пза да се даде се од себе за успех. Ние сме таква репрезентација која секогаш покажува нешто посебно кога пред себе има врвни селекции, па посакувам така да биде така и утре. Факт е дека играме против репрезентација од првиот светски ранг и воопшто нема разговор на темата мотив, желба и цел. Ова е натпревар за целиот македонски фудбал, и сигурно посакуваме нешто да направиме и за себе и за репрезентацијата и за Македонија, токму на еден од најпрестижните стадиони во светот, токму против една од најпредизвикувачките селекции во светот“ – истакна Стефан Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА