Ристовски: Шкупи немаше што да загуби, ние среќни се враќаме во Загреб

По победата синоќа на „Тодор Проески“ против македонскиот шампион Шкупи, екипата на Динамо Загреб го продолжува патот во Лигата на шампионите.

На крајот од таборот задоволни со елиминацијата на „жилавиот“ Шкупи, а задоволен и капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски кој вели дека денеска во модерниот фудбал нема лесни противници…

„Честитам на сите за пласманот во следната рунда натпревари. Шкупи е цврста екипа која игра во два блока, а напаѓачите им се навистина опасни. Денеска во фудбалот нема лесни противници. Знам како Динамо го гледаат во Македонија, и мене ми е навистина мило што бевме така дочекани во мојот град. Шкупи е сепак шампион на државата, и немаше што да загуби, влегоа во мечот максимално мотивирани, но за нас е најважно дека дојдовме до целта, продолжуваме со нашиот европски пат, и се враќаме во Загреб среќни“ – истакна Ристовски по синоќешнот натпревар на најголемиот македонски стадион.

Се вчитува...