Динамо Загреб се избори за осминафинале во Конференциската лига на УЕФА откако на „Максимир“ ремизираше (1-1) со шпански Бетис, сосема доволно за пласман понатаму по победата од 0-1 на првиот натпревар во Севилја.
Македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски одигра уште еден квалитетен меч за „модрите“ на европскиот пат, на крај не можејќи да ги сокрие и солзите.
Ристовски по мечот ја покажа маичката со честитки за роденденот на неговата неодамна почината мајка. Сето тоа испратено со силни емоции и утеха од своите соиграчи, низ моментите на измешани чувства и радоста поради пласманот на Динамо Загреб во следната рунда европски натпревари…
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

