Ристовски со Спартак Трнава, Серафимов со МОЛ Фехервар и Асани и Илиевски со Кишварда обезбедија 3. коло во Конференциската лига

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски со Спартак Трнава ќе игра во 3. квалификациско коло од Конференциската лига откако неговиот тим го елиминираше Њутаун.

Трнава победи и на вториот дуел на кој не настапи македонскиот напаѓач.

Во следната квалификациска рунда од Конференциската лига ќе игра и репрезентативецот Никола Серафимов со унгарскиот МОЛ Фехервар, кој ја елиминираше азербејџанска Габала. Серафимов го одигра целиот дуел на гостувањето во Азербејџан на кое неговиот тим загуби со 2-1, но по победата од 4-1 во Унгарија, МОЛ Фехервар продолжува понатаму.

И Јасир Асани и Марио Илиевски со својата Кишварда ќе играат во следната рунда откако и на реваншот, со идентични 1-0, славеа против Алмати од Казахстан. Асани настапи до 80. минута на средбата, а Илиевски ги одигра последните 20 минути за унгарскиот тим.

 

Се вчитува...