Ристовски стрелец за Спартак Трнава во победата над Банска Бистрица (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Милан Ристовски имаше одличен настап за својата Спартак Трнава во гостинската победа од 0-2 над Баснка Бистрица во меч од 10. коло во словачкиот шампионат.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Офори во 40. минута, а потоа на сцена стапи Ристовски кој со погодок во 59. минута зголеми на 0-2. До крајот домаќините намалија на 1-2 преку Хлинка во 82. минута.

За Ристовски ова беше деби погодок сезонава во шампионатот на Словачка.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...